Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија кој ги брани боите за Пари Сент Жермен прв пат заигра против својот поранешен клуб Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.


Мечот заврши без голови и без победник, а Ди Марија не беше импресиониран од играта на „кралскиот“ клуб.

– Ова не беше оној Реал кој јас го познавам. Во вториот дел ние тргнавме по победнички погодок, а нашиот противник се повлече и го чуваше нерешениот резултат. Не сакам да се мешам во филозофиите на тренерот, но сите искрени гледачи имаа можност да видат како фудбал играше Реал мадрид. – рече Ди Марија.

Со Аргентинецот во составот „кралевите“ стигнаа до десеттата титула во ЛШ, а токму тој беше избран за играч на мечот во финалниот натпревар со Атлетико Мадрид.

Мх.П.