Фудбалерот на Манчестер Јунајтејд, Анхел ди Марија е избран за најдобар фудбалер во Аргентина за 2014 година.
Ди Марија од тронот го симна неприкосновениот Лионел Меси, кој наградата ја освојуваше од 2006 до 2013 година.
Рекордното засилување на „ѓаволите“ беше најзаслужен за десеттата европска титула на Реал Мадрид во Лигата на Шампиони играјќи клучна улога во финалето со Атлетико Мадрид.
Исто така Ди Марија имаше и блескави настапи за селекцијата на Аргентина на Мундијалот во Бразил пред да се повреди, која го освои сребрениот медал.
Мх.П.