Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија фудбалски се препороди откако од Манчестер Јунајтед се пресели во тимот на Пари Сент Жермен.


На Олд Трафорд, Аргентинецот пристигна за рекордни 75 милиони евра и како големо засилување, но повредите, чудната филозофија на менаџерот Луис ван Гал и други околности го направија најголемо промашување во историјата на Манчестер Јунајтед.

– Не сакам никој да кривам и обвинувам за мојот не успех во Манчестер Јунајтед, но се случија работи со чудни околности. Искрено, сакам се да заборавам и да се посветам на мојот нов клуб ПСЖ. – рече Ди Марија.

Тој одлично со вклопи во мозаикот на Лорен Блан во ПСЖ и на повеќе од половина сезона веќе имаат капитална предност од конкурентите на табелата во Првата лига.

OhridNews