Иако се уште нема официјална потврда од Манчестер Јунајтед и Пари Сент Жермен за договор околу Анхел ди Марија играчот со својата изјава го најави тоа.


Ди Марија по само една сезона на Олд Трафорд ја напушта Премиер лигата и заминува онаму каде што требаше уште минатата година во Парис.

– Среќен сум што доаѓа во ПСЖ. Тоа е важен клуб и со нетрпение ги очекувам новите предизвици. – рече за „Беин спорт“, Ди Марија.

„Црвените ѓаволи“ за трансферот на аргентинскиот репрезентативец ќе инкасираат 63 милиони евра.

Ohridnews