Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија по само една мината сезона во дресот на Манчестер Јунајтед одлучи да побара трансфер, а клубот го продаде во Пари Сент Жермен за 63 милиони евра.
Најдобриот фудбалер во финалето од Лигата на Шампиони 2013 година посочи дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ и неговата филозофија се причините поради која заминал од Олд Трафорд.
– Ван Гал си има своја филозофија и една од причините за моето заминување од Јунајтед е тој фактор. Тешко, многу тешко беше да се адаптирам на условите на работа од Ван Гал. Имавме разговори со него, но на крај ништо не помагаше. Авантурата во Јунајтед ја почнав многу добро, но се повредив. После тоа менаџерот ми ја смена позицијата и почнаа проблемите кои сите знаеме како завршија. – рече Ди Марија.
Ohridnews