Претседателот на Ферари, Лука Ди Монтецемоло, по 20 години решил да се повлече од функцијата, пренесуваат италијанските медиуми. На функцијата Монтецемоло ќе го замени првиот човек на Фијат, Серџо Маркијоне.

„Не сакам да ги гледам нашите возачи на седмата или 12-та позиција. Не сме биле шампиони уште од 2008 година, а имаме најдобри возачи, имаме одличен тим на инженери. Не се само финсиските резултати важни за Ферари туку и победите, а ние се мачиме во изминатите шест години“, рекол Маркијоне.
„Макфакс“










