Во првите шест месеци од годинава диазепамот и еналаприлот се најкористени лекови во земјава, јавува „Здравство24“.

Како што објави овој медиум повикувајќи се на податоците од ФЗОМ, за еналаприл биле издадени повеќе од 800 000 рецепти, додека за диазепам околу 400 000.

Инаку, во првата половина од 2013-та година биле издадени 8 845 368 лекови, односно во просек секој граѓанин во земјава добил по четири рецепти за лекови.

OhridNews