Повредата на Пауло Дибала ја засени тешко извојуваната победа на Јувентус на „Сардење Арената“ против составот на Каљари (1-0) во 20-та рунда од италијанската Серија А.

Аргентинскиот напаѓач со солзи во очите на стартот од вториот дел го напушти мечот и на негово место влезе Даглас Коста. Повредата на задната ложа на Дибала не е наивна и тој од терените ќе отсуствува месец дена.

Дибала во едномесечната пауза ќе ги пропушти мечевите со Џенова, Киево и Сасуоло во „калчо“ лигата и полуфиналниот дуел со Аталанта во Купот на Италија.

OhridNews