Јувентус се избори за реми (2-2) и неизвесност во реваншот на Алијанц Арената откако во првиот меч од осминафиналето ја надополни негативата 2-0 со Баерн Минхен.
– Бевме свесни дека ќе биде вака тешко, но ги натеравме да не почитуваат до крајот на мечот. Го оставивме срцето на терен и затоа најдобро е што овој меч заврши вака. Пруживме се што знаеме, дадовме се што имаме и во ниту еден момент не се откажавме. Во првиот дел противниците ни пружија голем простор, но не успеавме да го искористиме, а потоа со голови ги казнија нашите грешки. Во реванш мечот ќе биде уште потешко, но со ваков пристап би можеле да се радуваме на Алијанц Арената. – рече Пабло Дибала.
Токму тој беше иницијатор на резултатското враќање на Јувентус постигнувајќи го првиот погодок, а започната работа ја доврши Стураро кој влезе од клупата.
OhridNews











