Иако ЕХФ не го одбра, дуелот помеѓу Вардар и Кил е една од дерби средбите од 4-та рунда во ЕХФ лигата на Шампионите. Пресметката, в сабота со почеток во 17 часот и 30 минути ќе биде вистински испит за Вардар и Кил кои во првите три натпревари забележаа три односно две победи.

  • Ова е многу важен натпревар за нас и на некој начин ова е меч на сезоната за нас. Ние одигравме многу тешка средба на гостувањето кај Монпелје, но тоа беше старт на сезоната. Сега го играме првиот тежок натпревар на домашен терен. Кил е многу добра екипа и голем клуб, која игра одличен ракомет. После Супер глоуб турнирот Кил ја крена формата. Сепак, ние играме во Скопје и очекуваме многу пред нашите навивачи. – рече тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

И за оваа средба во составот нема да бидат Стојанче Стоилов иХозе Толедо поради повреда. Кристијан Дисингер има мала настинка, но тој секако ќе биде подготвен за саботниот меч.

  • Повеќе се плашам кога играме со екипи на пониско ниво бидејќи тогаш има нешто што недостига и има работи кои може да не ги направиме. Може да недостига мотивација на пример. Сепак, кога доаѓа екипа како што е Кил тогаш сме среќни и има право да излезам со такво расположение. Во ваков меч може да се случи сè. Ние сме подотвени, а на Кил останува да покажат кои се. Ние знаеме кои сме и знам дека ова ќе биде уживање за сите навивачи и професионалци во нашиот спорт, како и за сите експерти. Возбудени сме и очекуваме на овој натпревар да покажеме кој е кој на терените. – дополни Тимур Дибиров.

OhridNews