Фудбалерот од Брегот на Слонова коска, Дидие Дрогба на 40-годишна возраст реши да стави крај на успешната професионална кариера.

Напаѓачот последниот натпревар во професионалната кариера го одигра изминатата ноќ. Феникс чии ко-сопственик е Дрогба загуби од Лујвил во УСЛ купот.

Најуспешните години во кариерата (2004-2012), Дрогба ги мина во Челси. За тимот од „Стенфорд Бриџ“ одиграл 341 натпревар и постигнал 157 гола.

Со Челси освоил 14 трофеи (по четири во Премиер лигата и ФА купот, три во Лига купот, два во Комјунити шилд и еден во Лигата на шампините).

Дрогба во 2012 година го постигна голот за 1:1, во финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, а потоа го реализираше последниот пенал.

Кариерата ја започнал во Ле Ман, а потоа играл за Генган, Олимпик Марсеј, Челси, Шангај, Галатасарај и Монтреал.

Дресот на репрезентацијата на Брегот на Слонова коска го носел на 104 натпревари, на кои постигнал 65 гола.

OhridNews