Преселбата на Диего Годин во Интер е пред реализација, откако фудбалерот на вондредна пресконференција најави свое заминување од тимот на Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Уругвај во Атлетико Мадрид се пресели од Виљареал во 2010 година и успеа да се стекне статус на клупска легенда.
- Овие се последни денови кои ги минувам во Атлетико Мадрид. Овој клуб и стадионот беа мој дом. Поминав фантастични девет сезони во Мадрид. Созреав како играч, а многу повеќе како човек. Горд сум што го носев дресот на Атлетико Мадрид. – изјави Годин.
Во деветгодишната авантура во Мадрид дефанзивецот освои една титула во Ла лига, една во Купот на Шпанија, две титули во Лигата на Европа и две во Супер купот на Европа. Во Интер, Диего Годин треба да биде столбот на кој ќе се гради новиот проект.
OhridNews