Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста го одбил Бразил и во иднина ќе настапува за селекцијата на Шпанија пренесуваат шпанските медиуми.

Коста има веќе два настапи во дресот на Бразил против Италија и Русија, но на пријателски натпревари, а тој веќе одлучил оти сака да игра за „црвената фурија“.

Со пристапувањето на Коста, кој сезонава на 10 натпревари има постигнато 11 голови се зголемува конкуренцијата во нападот на шпанската репрезентација, кој и така е убоит.

Мх.П.