Лондонските сини ја продолжија низата без пораз во Премиер лигата, но освоија само бод на Либерти стадионот ремизирајќи (2-2) со Свонси.
Напаѓачот Диего Коста беше спасител на Челси, откако шпанскиот репрезентативец погоди во 81-та минута за егал 2-2.
„Сините“ поведоа со 1-0 токму по голот на Диего Коста, но многу брзо само за три минути ја испуштија предноста. Домаќините со головите на Сигурдсон и Лерој Фер го свртеа резултатот во своја полза.
Шпанецот со вториот погодок на мечот донесе реми и ја продолжи серијата без пораз на „сините“ на четири натпревари во Премиер лигата.
Осамен на врвот по четири рунди е Манчестер Сити со стопроцентен ефект, по него следува Челси со 10 бодови, а потоа Мен Ју со 9, Тотенхем со 8 и Ливерпул со седум поени.
OhridNews