„Сините“ се вратија на чело од табелата од Премиер лигата, откако со минимални (1-0) го совладаа составот на Вест Бромвич Албион на Стемфорд Бриџ.
Човек на одлука беше шпанскиот репрезентативец Диего Коста кој го постигна победничкиот погодок во 76-та минута.
Со овој триумф Челси се одлепи три бодови од второпласираниот Арсенал, на седум од Манчестер Сити и Ливерпул кој има натпревар помалку.
OhridNews