Купувањето на Алваро Мората и расправиите со менаџерот Антонио Конте од почетокот на оваа година најверојатно му пресудија на Бразилецот со шпанскиот пасош, Диего Коста на „Стемфорд Бриџ“.

Италијанецот на клупата од Челси во Сингапур со кратка изјава го разреши случајот со Диего Коста, кој нема повеќе иднина во актуелниот шампион во Премиер лигата.

– Во јануари, ситуацијата на Коста беше прилично јазна за клубот, за играчот и за неговиот агент. За мене, оваа приказна е завршена. – дециден беше Конте.

Во јануари месец додека Челси се бореше за титула, Шпанецот преговараше со кинеските клубови за негов ангажман, што најверојатно многу го налути Конте, кој потоа имаше жестока расправија со фудбалерот.

OhridNews