Контроверзниот фудбалер во редовите на Челси, Диего Коста е пред преселба во Кина, откако потпиша пред договор со клубот Тијанџи.
Шпанскиот репрезентативец би требало да заработува 30 милиони евра по сезона, а лондонските сини оштетата за трансферот да добијат 90 милиони евра.
Ако трансферот на Диего Коста се оствари, Шпанецот ќе биде најплатен фудбалер пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а неговата вкупно вредност на трансфер ќе се вброи меѓу топ 5 во историјата на фудбалот.
Во клубот заинтересиран за услугите на шпанскиот репрезентативец тренер е Фабио Канаваро, а соиграчи ќе му бидат Алесандре Пато и Алекс Витсел.
Диего Коста во Челси се пресели 2014 година од Атлетико Мадрид. Голгетерот на 115 официлајни натпревари во дресот на „сините“ има постигнато 57 голови.
OhridNews