„Сините“ со погодокот на Диего Коста во последната минута од мечот го совладаа Вест Хем (2-1) и ги прокнижија првите бодови на табелата во Премиер лигата.


Погодокот на шпанскиот репрезентативец кој се покажа победнички ги крена нозе италијанскиот стратег, Антонио Конте и навивачите на Стемфорд Бриџ.


Претходно, Еден Азар од пенал донесе водство 1-0, а дефанзивецот Џејмс Колинс ги изедначи бројките на семафорот.


Со лондонското дерби се комплетираше првата рунда која наговести возбудлив фудбал во Премиер лигата сезонава. 

OhridNews