Кратко, недела дена траеше лошиот однос меѓу италијанскиот менаџер, Антонио Конте и шпанскиот репрезентативец, Диего Коста.
По надминувањето на проблемите, Шпанецот се врати на тренинзите и ќе биде во комбинација за следните мечеви, откако го пропушти гостувањето во Лестер.
Диего Коста и Конте влегоа во клинч поради лошото однесување на Шпанецот на тренинзите, иако во медиумите Италијанецот изјави дека се работи за повреда на грбот.
Веднаш по изостувањето од тимот за дуелот со Лестер на адреса од клубот за услугите на Диего Коста стигна понуда од Кина која била одбиена експресно.
OhridNews