Шпанскиот репрезентативец со бразилски пасош Диего Коста сериозно размислува за заминување од Челси по завршувањето на сезоната.
Диего Коста не е задоволен од третманот на медиумите и општо од Премиер лигата каде не се снајде баш најдобро.
Тој беше најдобар клупски стрелец минатата година кога „сините“ ја освоија титулата во Премиер лигата, но не успеа да ги повтори игрите од Атлетико Мадрид.
Шпанецот најверојатно ќе се врати во Атлетико Мадрид од каде во 2014 година се пресели на Стемфорд Бриџ.
Челси, пак, веќе бил во потрага на офанзивец кој ќе го замени Диего Коста во нападот.
Се уште не се шпекулира со нови имиња, но „сините“ ги очекува нов возбудлив преоден рок.
OhridNews