Диего Коста одлично ја почна сезоната на „Стемфорд Бриџ“ постигнувајќи девет погодоци во седумте натпревари во Премиер лигата, но, проблемите со колената се констатна главоболка за Жозе Мурињо.

– Не сакам да бирам помеѓу Челси и репрезентацијата, но, јас сум тој кој одлучува дали ќе играм или не. Целосно му верувам на докторскиот тим во Челси и ако имам некој проблем веднаш ќе им кажам. Сега за сега сум потполно подготвен – потенцираше Диего Коста.
Тој со своите „богати“ настапи веднаш стана миленик на „сината“ армија навивачи, а голгетерскиот тренд го продолжи од Атлетико Мадрид.
Мх.П.










