Шпанскиот репрезентативец Диего Коста дефинитивно не се гледа во тимот на Челси, откако се исели од својата куќа во Лондон.
Напаѓачот надвор од стројот е од почетокот на оваа сезона, поради кавгата со менаџерот на „сините“, Антонио Конте минатата сезона.
Шпанецот беше пред трансфер во Атлетико Мадрид, но клубот одби да плати 60 милиони евра оштета колку што бараше Челси.
Најверојатно, Диего Коста ќе премине во Фенербахче на позајмица, а во следниот летен преоден рок ќе се врати во Атлетико Мадрид.
OhridNews