Шпанскиот репрезентативец со бразилско потекло, Диего Коста се најде во немилост на Антонио Конте по караницата кои двајцата ја имаа минитата сезона. Напаѓачот одби да тренира со резервите, откако беше остранет од првата екипа и побара дозвола за заминување од Стемфорд Бриџ.

– Чекам да заминам, а не сакав, бидејќи бев многу среќен. Но, кога вашиот тренер не ве сака, тогаш немате премногу избор освен да замините. Во јануари седнав на маса со челниците на клубот за потпишување на нов договор, но се пропадна најверојатно поради Конте. – изјави за Дејли Меил, Диего Коста.

Тој е разочаран и од клубот, а не само од тренерот поради третманот кој моментално го доживува во Челси.

– Сакаа да тренирам со резервниот тим и ми забранија да контактирам со играчите од првиот тим. Не сум јас криминалец па да имам такви забрани или нешто слично. Тоа многу повеќе ме погоди, отколку нарушените односи со Конте, кој како тренер многу го почитувам, но како личнист никако. – додаде напаѓачот.

Диего Коста посакува враќање во Атлетико Мадрид и повторно соработка со Диего Симеоне. – Посакувам овој месец Атлетико да постигне договор со Челси и да се вратам таму каде што јас сакам, а не таму кај што парите некого ќе го направат среќен. – заврши Шпанецот.

Местото од Диего Коста во нападот на Челси го зазеде Алваро Мората кој во редовите на „сините“ пристигна од тимот на Реал Мадрид.

OhridNews