Два мечеви му беа доволни на Диего Коста да се покаже во свое препознатливо светло во тимот на Атлетико Мадрид. Напаѓачот во период од шест минути доби два жолти картони и погодок за конечна победа над Гетафе (2-0).
Шпанецот прво жолт картон за намерен удар доби во 62-та минута. Шест минути подоцна по асистенцијата на Врсаљко го дуплираше водството на 2-0, а погодокот го прослави со публиката на трибините што е забрането. После доаѓањето на теренот главниот судија му покажа жолт картон кој беше втор за него и го испрати порано во соблекувалните.
Атлетико Мадрид со играч помалку без поголеми проблеми го задржа водството и Новата 2018 година ја започна со домашна победа.
OhridNews