Викендов во англиската Премиер лига на Олд Трафорд ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и лидерот на табелата Челси.
Настапот на Диего Коста за „сините“ на гостувањето во Манчестер е под знак прашалник откако напаѓачот го пропушти мечот со Марибор во ЛШ.
Шпанскиот репрезентативец се повреди на настапите за „фуријата“ иако Жозе Мурињо побара од него и од селекторот Дел Боске да одмара.
Мечот на Олд Трафорд се игра в недела во 17 часот.
Мх.П.