Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси во зимскиот преоден рок ќе се ослободи од Диего Коста кој сезонава игра во очајна форма.


Шпанскиот репрезентативец англиските таблоиди повеќе ги полни за подлите работи кои ги прави на теренот отколку за учинокот.

„Сините“ ги имаат пикирано Гонзало Игуаин и Ентони Гризман како потенцијални засилувања уште во зимскиот преоден рок.

Аргентинецот, Челси ќе го чини поефтино додека цената на Гризман на трансфер пазарот изнесува близу 50 милиони евра.

Диего Коста најверајатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона или пак во Атлетико Мадрид од каде што замина во Премиер лигата.

Мх.П.