Атлетико Мадрид налета на Европскиот првак, Барселона во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне не штедеше пофални зборови за противникот во втората елиминациска фаза.


– Не сигурно туку го добивме најтешкиот противник од сите можни ривали во 1/4 финалето. Барселона е многу подобра од пред три години кога ја елиминиравме. Сега го имаат Луис Суарез, подобри се од прекини и играат далеку поопасен фудбал. Едноставно тимот на Барселона моментално е совршенство без мана. – рече Аргентинецот.


„Атлетите“ пред три години успеаја да ја елиминираат Барселона во нокаут фазата победувајќи ја Винсенте Калдерон со 1-0 и ремизирајќи на Ноу Камп 1-1.

Тогаш, Атлетико Мадрид стигна до финалето и изгуби по продолженија од градскиот ривал Реал Мадрид.

Мега пресметки во четвртфиналето од Лигата на Шампиони

OhridNews