Четвртата сезона по ред градскиот ривал Реал Мадрид е неприминлива пречка за фудбалерите на Атлетико Мадрид во Лигата на Шампиони. „Кралевите“ овој пат поуспешни беа во 1/2 финалето, а претходно два пати победуваа во финалето и еднаш во 1/4 финалето.
„Јорганџиите“ во првите 20 минути на реваншот на „Винсенте Калдерон“ анулираа два од трите голови негатива, но една бравуроза на Карим Бензема по која Иско постигна погодок ги сруши сите надежи на домаќините за подвиг.
– Дадовме се што имавме. Тоа го правиме последниве неколку години. Годините минуваат играчите созреваат, а и од ова ќе научат нешто ново. – изјави Диего Симеоне и додаде – После елиминацијата не можам да бидам среќен, но среќен сум, бидејќи покажавме дека можевме и дека се боревме. Верувавме во чудо, иако некои луѓе не` не разбраа толку сериозно. Една наша грешка и добар потег на Бензема ни пресуди на Винсенте Калдерон кој уште долго ќе остане во нашите срца.
Атлетико Мадрид и следната сезона ќе биде дел од ЛШ, бидејќи во шпанската Ла Лига ќе заврши на третата позиција.
Реал Мадрид против Јувентус во Кардиф во финалето во ЛШ ! (видео)
OhridNews