Екипите заинтересирани за ангажман на Ентони Гризман можат да ги подготват своите понуди, откако аргентинскиот стручњак Диего Симеоне даде зелено светло за негово заминување од Атлетико Мадрид.
Офанзивниот фудбалер долго време беше цел на Манчестер Јунајтед, а во трката се приклучи и Пари Сент Жермен, кој моментално ја игра главната улога на трансфер пазарот.
– Нормално дека во еден момент Гризман може да посака да замине од Атлетико Мадрид како што сакаа Диего Коста и Арда Туран. Ги сакам моите играчи и сакам да ги гледам како растат во големи фудбалери. – изјави Симеоне и додаде. – Ако играчот дојде кај мене в канцеларија и ми каже дека има животна шанса да заигра за одреден клуб, а претходно за мене и за Атлетико дал повеќе од што можел одма ќе го пуштам без размислување.
Гризман во Атлетико Мадрид се пресели од Реал Сосиедад каде Французинот ги мина сите категории. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува околу 100 милиони евра.
OhridNews