Во светските медиуми на големо се пишува за иднината на Ентони Гризман во дресот на Атлетико Мадрид. Францускиот репрезентативец ќе биде топ тема во летниот преоден рок со оглед на интересот кој го имаат екипи како Манчестер Јунајтед, Барселона Реал Мадрид и ПСЖ.


Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне нема намера да го задржува Гризман ако заинтересираниот клуб ја плати потребната клаузула која изнесува точно 100 милиони евра.

– Нас секој фудбалер може да не напушти. Постои откупна клаузула во договорот од Гризман и не нема никаква гаранција дека тој може да биде со нас и следната сезона. Минатото лето зборувавме многу, негов услов беше да останам и јас за да остане и тој. Сепак, јас лично немам намера да ги терам да останат играчите во Атлетико. Тоа не го направив со Диего Коста и Радамел Фалкао, па нема ниту со Гризман. – изјави Симеоне.

Гризман составот на Атлетико Мадрид го засили од Реал Сосиедад, a младинските категории ги мина во својата родна земја Франција.

OhridNews