Аргентинскиот фудбалски стручњак Диего Симеоне не се гледа уште долго на клупата од Атлетико Мадрид.
Тој со тимот од шпанската престолнина освои по една титула во Примера и Европскиот и шпанскиот супер куп и две во Лигата на Европа додека еднаш играше во финалето од Лигата на шампиони.
– Сакам спонтаност. И спонтаните луѓе се неверојатно нестрпливи. Не можам да останам десет години во еден клуб – рече Симеоне.
Пред доаѓањето во Мадрид „тренерот во црно“ беше дел од екипите на Расинг два пати, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија, а никој од ангажмните не му бил повеќе од шест месеци.
Ohridnews