Атлетико Мадрид во четвртфиналето ќе проба да го запре градскиот ривал Реал Мадрид во походот кон одбраната во Лигата на Шампиони.
Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне веднаш после ждребката во негов стил изјави дека рано е да се зборува за нивниот двомеч со Реал во ЛШ.
– Моментално сите сме фокусирани на дуелот со Гетефе, кој не очекува. – рече Аргентинецот и додаде – Ни падна голем ривал и противник, но уште еднаш ќе напоменам време е за Гетафе не за Реал Мадрид.
На прашањето од новинарите што очекува од дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид харзматичниот тренер потенцираше – Искрено не ме интересира тој натпревар, нам ние важно да победиме против Гетафе и да го задржиме третото место.
Минатата година во финалето Реал преку Атлетико стигна до јубилејната десетта титула во ЛШ.
Мх.П.