Лесно може да се случи тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне да добие двојна улога во модерниот фудбал откако Минестерството за спорт во Аргентина го гледа него за прв фаворит за селекторската позиција.


Диего Симеоне со Атлетико Мадрид направи неверојатни успеси поставувајќи се рамо до рамо со „недопирливите“ во Шпанија, Реал Мадрид и Барселона што е доволен показател за челницте на аргентинската федерација.

Селекторското столче остана празно по заминувањето на Џерард „Тата“ Мартино кој немаше успешен настап со репрезентацијата на Копа Америка.

– Ако нашите репрезентативци можат да играат за селекцијата, а се дел од европските клубови, не гледам причина зошто да не би можел и Симеоне да ја води репрезентацијата иако е тренер во Атлетико Мадрид. – рече Фернандо Марин, преставник од Минестерството за спорт

Харизматичниот стратег ако прифати ќе нема ниту малку лесна задача во аргентинската селекција откако повлекување најави Лионел Меси.

OhridNews