Атлетико Мадрид триумфираше во Супер купот на Европа совладувајќи го Реал Мадрид со 4-2. „Јорганџиите“ до победата стигнаа со два голови во продолжението од 30 минути, откако регуларните 90-ет во Талин завршија без победник 2-2.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и покрај победата со четири голови не размислува да го промени стилот на игра кој го негува.

  • Мислам дека Реал Мадрид меѓународно финале нема изгубено од 2000 година, додека ние во различни финалиња имавме пехови и порази. Ова е добар почеток, но сепак треба на секој следен меч да напредуваме за што поуспешни резултати.  И покрај ефикасниот натпревар ние нема да го менуваме стилот на игра, бидејќи по тоа сме препознатливи и нема потреба ништо да менуваме. – изјави аргентинскиот стручњак.

Реал Мадрид со пораз го започна животот после Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан. „Кралевите“ во текот на мечот имаа водство (2-1), но на крајот мораа да му честитаат на својот градски ривал.

  • Поразот во Супер купот на Европа нема ништо да промени во клубот.Ние и покрај поразот одигравме добар натпревар и нема простор за загриженост. Како што можев да видам, играчите подготвени се за почетокот во Ла лига, што мене лично многу радува. – додаде Жулен Лопетеги.

Во првата рунда во шпанската Примера, Атлетико Мадрид гостува на Месталја кај Валенсија, додека Реал Мадрид го пречекува Хетафе.

OhridNews