Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам денес презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид. Решенијата вклучуваа дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично.
Настанот се отвори со панел дискусијата на тема „Дигитализација – предуслов за развој на секторот туризам“.
Проф. доцент д-р. Александар Карадимче, декан на Факултетот за информатички и комуникациски науки при УИНТ „Св. Апостол Павле“- Охрид изјави дека овој настан пред сѐ има за цел да ги слушне потребите на туристичкиот сектор и да понуди комплетни ИКТ решенија за нивна поддршка.
Универзитетот од таа страна нуди поддршка за развој на сите тие бизнис и решенија кои ќе го олеснат и подобрат овој процес, преку развој на акцелераторска програма, која ќе ги олесни сите тие пристапи на дигиталните решенија до пазарот, додава Карадимче.
Декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р. Цветко Андреески, истакна дека дигитализација во туризмот е многу битен сегмент којшто се случува, а самиот развој на информациската и комуникациската технологија го наметнува тој начин на функционирање.
Новите технологии и новите генерации на корисници на кои им е природно виртуелното опкружување, користејќи социјални мрежи, резервациски системи итн. ја наметнува потребата од користење на сите тие алатки. Што побрзо се вклучиме во целиот тој процес на пресретнување на потребите на новите корисници тоа подобро ќе можеме да понудиме нови услуги, нов начин на комуникација со клиентите и со тоа подобар развој на туризмот. Голем дел е дигитализиран ако зборуваме за нашето културно наследство, сместувачки капацитети, услугите што ги нудат, но тоа што фали е обработка на податоците кои дневно доаѓаат на сите портали. Сите хотели користат резервациски системи, дигитална комуникација со нивните тур-оператори, но дали повратната врска на давање рецензии од страна на гостите и туроператорите се анализира на соодветен начин како што тоа се прави во развиените хотелски ланци. Тоа се оние нови технологии кои треба да бидеме свесни дека постојат и не само тоа, туку и на кој начин треба да се користат, рече Андреески.

Мое мислење е дека треба да се направат промени во Законот за угостителска дејност, каде што ќе се овозможи на поедноставен начин да се пријавуваат гостите и да се уреди висината на туристичката такса, бидејќи до ден денес иста туристичка такса плаќаат приватни станоиздавачи со неколку кревети до хотели со 200 соби итн. Имаме во тој дел проблеми кои треба и може да се надминат, од друга страна ако се направи анализа на приходите во туризмот и бројот на пријавени туристи ќе видите дека тука постои дискрепанца, што е евидентирано и во Стратегиите за развој на туризмот што ги имаме правено од ФТУ. Постојат решенија само треба да се седне да се најде оптималното решение и да се имплементира што поскоро, рече Андреески.
Директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, д-р. Љупчо Јаневски, потенцираше дека АТТП веќе од 2020 работи интензивно во дигитализација на туриситичкиот сектор од повеќе аспекти, 2018 година започнале со 100% онлајн рекламирање на нашата дестинација на голем број портали, а 2022 со редизајнирање на националниот туристички сајт Macedonia Timеless со дополнителни содржини и алатки за промоција.
2021 започнавме соработка со повеќе министерства каде АППТ е носечка за е-визиторс платформа која е комплетно дигитализирање на туристичкиот сектор од влез до излез на самиот турист со брзо пребарување на податоци, многу други анализи односно цел систем што веќе е практика во светски рамки. Дигитализацијата оди на поразлично ниво каде со одредени ИПА проекти заедно со Грција и нашата дестинација, нашата земја, ќе можеме повеќе да изработуваме алатки, односно мобилни апликации со кои ќе овозможиме модерни адреналински форми на туристичка понуда за која и тоа како имаме капацитети и можности да привлечеме поголем број туристи од помлади генерации кои низ годините ќе создаваат нови вредности во туристичката индустрија. Процесот е започнат тој претставува и голем предизвик за туристичката индустрија и туристичкиот сектор кај нас. Се надевам заеднички со ФТУ Охрид, АТПП и Општината ќе имаме можност заеднички да аплицираме за ИПА проекти и добивање средства од други фондови и на таков начин да овозможиме можности, алатки, едукации за дигитализацијата и потребите од нејзе. Се повеќе и повеќе низ годините кои се пред нас ќе имаме напредни дигитални алатки со кои покрај што ќе можеме да промовираме ќе можеме и да препознаеме одредени потреби, бидејќи новите трендови во туристичката индустрија се целните групи кои креираат аранжмани потребни во одредена дестинација.
Заменик амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија, Лусиен Агертер, истакна дека дигитализација на туризмот е критична за да се добијат високо вредни турист пред сè.
Многу е направено во РС Македонија за да се дигитализаира туризмот како процес. Но, за некои услуги сè уште е тешко да се направи резервација од гости од надвор, онлајн преку веб-сајт. Затоа е многу битно да се доведат заедно партнерите и од информатичкиот и од туристичкиот сектор за да се спроведат овие активности. Затоа посебно ни е драго што имаме можност да го поддржиме овој процес особено на одржливиот туризам, особено во насока на авантуристичкиот туризам, додаде Агертер.

Н.С.Ј.















