Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид и Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола организираат настан за презентација на дигитални решенија развиени од стартап, микро и мали ИКТ компании, кои се подобни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам.
На настанот ќе бидат презентирани дигитални производи и услуги во сегментот на е-резервации, е-плаќања, е-продавници, дигитално мени, дигитална рецепција, веб страници, дигитален маркетинг и промоција, управување со човечки ресурси, финансии и слично, информираат организаторите.
Додаваат дека на настанот се поканети да земат учество сите компании од секторот туризам кои се заинтересирани за дигитални решенија и дигитализација на нивните бизниси.
Истиот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“- Охрид на 7-ми јуни со почеток во 11 часот.
OhridNews












