Охрид ќе добие уште два дигитални инфо- пултови покрај неколкуте веќе поставени кои во моментов се надвор од функција.

Како што информираат од локалната самоуправа, се чекаат одобренија за поставување на уште два, но и во тек се проценките околу најдобрата опција за понатамошното нивно тековно одржување.

– Правните служби и надлежните служби треба наскоро да се излезат со конкретен предлог како понатаму да се сервисираат инфо- пултовите, бидејќи ние како локална самуправа имаме капацитет самостојно да ги сревисираме и ажурираме со податоци и нема потреба тоа да го прават надворешни субјекти на кои потоа треба да им се плаќа од општинскиот буџет, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.

Апостолов информира дека до нова година инфо пултовите ќе бидат ставени во функција и тие постојано ќе се ажурираат со потребните информации за гостите кои престојуваат во Охрид.

Т.К.