Според оваа организација, со формирање посебно министерство ќе се консолидираат сите институции задолжени за прашањата со дијаспоратa, вклучувајќи го и секторот за дијаспора во Министерството за надворешни работи, како и агенцијата за иселеници. „Ова министерство би било задолжено за македонското малцинство во соседните земји, а целта е да се заштитат нашиот идентитет, култура, традиција и јазик која се негува оддамна“ – се вели во писмото.
Во земјава во перидиодот од 98-ма до 2000-та, имаше вакво министерство. Но за создавање на едно ново тело, потребни се измени во законот за организација, како и работа на органите и државната управа.