Репрезентацијата на Холандија во најбрз можен рок ќе добие нов селектор, а ситни детаљи го делат од Дик Адвокат од промоција.
Ако Адвокат и Холандската фудбалска федерација се договорат за соработка новиот мандат ќе биде вкупно трет за искусниот стратег на клупата од „лалињата“.
69-годишниот стручњак предводник на холандската селекцијата прво беше од 1992 до 1994 година, а потоа од 2002 до 2004 година. И претходно Адвокат беше дел од селекцијата, но дејствуваше како помошник.
Асистент на Адвокат во селекцијата ќе му биде Руд Гулит, а „лалињата“ останаа без селектор по отказот на Дени Блинд по лошите резултати во квалификациите за СП во Русија.
OhridNews