Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески, освоил 61,3 отсто  од вкупно 14 851 обработени гласови во општина Охрид.

Според податоците на Државната изборна комисија, актуелниот градоначалник и кандидат од „Сојузот на иднината“, Александар Петрески, освоил  5135 гласови. Кандидатот од Социјал демократската партија на Македонија Александар Митрески освоил 168 гласа, Фетах Елмази од ДПА 154, а Васил Ристески 109.

Советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 6642 гласа, Сојуз за иднината  3904, додека меѓу независните листи добро котираат оние на Кујтим Усејни 863,  Павел Попоски 651, и Љупчо Настоски 565 гласа.

Како што информираат од ДИК, излезноста во општина Охрид била 73,10 отсто.

OhridNews