Државната изборна комисија ги објави имињата на кандидатите кои добија мандат во новиот состав на советот на општина Охрид (2017 – 2021).
Најмногу советници – 11, има коалицијата предводена од СДСМ.
Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во советот на општина Охрид ќе има 10 советници.
Два советника во новото градско собрание ќе има коалицијата на ДУИ, БЕСА и Алијансата на албанците.
Се очекува наскоро да биде познат и датумот на конституирање на новиот совет на општина Охрид.
OhridNews














