Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 90-та седница спроведе ждрепка со која ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 24 април 2024 година.

Понудите се поделени во четири пакети. Пакетите 1 и 2 со до 40 проценти од локациите кои се наменети за партиите од власта и од опозицијата и пакети 3 и 4 со по 10 проценти од локациите, наменети за парламентарните партии кои немаат пратенички групи и вонпарламентарните партии.
Доколку некоја партија не го искористи вкупниот процент за закуп на раекламни паноа и билборди и локации, останатите политички партии имаат право на закуп.
Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија.











