Претседателот на Државната изборна комисија(ДИК) Борис Кондарко вечерва ги потврди првичните резултати од 29 општини каде се гласаше во вториот круг на локалните избори, две општини во кои имаше прегласување на првиот круг и на вториот круг за Град Скопје.
Според ДИК, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победиле во Берово, Битола, Богданци, Бутел, Велес, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кочани, Лозово, Ресен, Старо Нагоричане, Чешиново-Облешево.
Кандидатите на „Сојузот за иднината“, според првичните резултати кои ги соопшти ДИК, победиле во Куманово, скопската општина Центар, Ранковце и Струмица.
Во трката за градоначалник на Скопје, кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски освои 114.986 гласови по пребројани 93,47% од избирачките места. За кандидатот на „Сојузот за иднината“ Јани Макрадули гласале 67.907 гласачи.
извор:„Макфакс“