Државната изборна комисија(ДИК) на денешната седница го усвои Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, јавува „Макфакс“.
Усвоени се и постапката за спроведување теренска проверка заради ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.
Седницата на ДИК следеше по добиената писмена согласност од четирите најголеми партии во Собранието на Република Македонија за методологијата за избирачкиот список.
OhridNews
извор: „Макфакс“