Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик.

Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Втората измена, како што појасни таа, е дека граѓаните ќе можат да гласаат со патни исправи, но според измените на Законот за патни исправи, важноста на патната исправа ќе се смета со рок на важност од 31 јули 2020 до 31 декември 2021 година

Третата измена е по препорака на ОБСЕ, која и пратениците ја прифатија, а се однесува на тоа граѓаните кои не се во Избирачкиот список, а ги исполнуваат условите да гласаат на денот на изборите по добивање решение од ДИК, по поднесен приговор за заштита на личното изборачко право и откако Општинската изборна комисија ќе утврди  дека граѓанинот ги исполнува условите, дента да биде запишан во Избирачкиот спискок или по добивање пресуда од Управниот суд. Дента на тие граѓани ќе им се дозволи да гласаат и Избирачкиот одбор со добиени копиии од решението ќе ги запише во Избирачкиот список и ќе им овозможи да гласаат, рече Шеху.

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи главните дејствија се поврзани со утврдување на идентитетот на гласачот со воведувањето на новиот начин на идентификација на граѓаните со отпечаток на прст, главната работа се базира околу употребна и управување со уредот на избирачкото место од страна на претседателот на Избирачкиот одбор или неговиот заменик, кои ќе имаат посебни идентификациски смарт картички и единствено тие ќе бидат овластени за управување со уредот за биометриска идентификација.

Заради поголема заштита на процесот и поголема сигурност и транспарентност со ова Предлог-упатство се предвидува претседателот на Избирачкиот одбор и неговиот заменик да бидат присутни за време на целиот ден на гласањето, особено пред отворањето на гласачките места и по завршувањето на гласањето и утврдувањето на резултатите од гласањето, со меѓусебен договор за редовни паузи во текот на денот, рече Кондарко.

OhridNews