Државната изборна комисија попладнево ќе одржи седница на која ќе биде разгледан и усвоен предлог финансискиот план за спроведување на локалните избори што ќе се одржат на 24. март 2013 година.

Како што информираат од ДИК нНа седницата ќе се разгледаат и усвојат и предлог планот за јавни набавки за 2013 година, предлог одлуката за утврдување трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени трошоци, предлог одлуката за благајнички максимум и предлог генерално овластување за генералниот секретар на ДИК.

OhridNews