Државната изборна комисија (ДИК), одлучи дека ќе врши теренска проверка за 110.440 гласачи, додека, пак, дополнително ќе се одлучи дали теренски ќе биде извршена проверка за уште 62.837 гласачи.

Дополнителни проверки, пак, за спорните 124.027 гласачи, кои се на привремена работа или престој во странство, нема да бидат извршени. Проверки ќе бидат извршени и за 35.859 гласачи кои најверојатно се починати, а дополнителни постапки натаму би можело да бидат направени и за уште 7.345 избирачи.

OhridNews
извор Макфакс