Кандидатот за градоначалник на Струга подржан ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, д-р Владимир Кочоски, е во предност пред кандидатите од ДУИ и ДПА, според првичните информации од Државната изборна комисија за обработен мал број избирачки места.

Од 41,90 отсто пристигнати податоци од избирачките места во Струга, Кочоски има освоено 55,85 отсто од гласовите, Зиадин Села од ДПА 22,56 отсто, додека кандидатот на ДУИ Арбен Љабенипта 21,59 проценти.

Инаку, Државната изборна комисија најави прес-конференција околу полноќ на која ќе ги објави првичните податоци за локалните избори.

OhridNews