Од денеска, Државната изборна комисија започнува со следење дали некој од кандидатите за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, спроведуваат активности кои значат предвремена отпочната кампања, изјави за „Капитал“ Субхи Јакупи, потпретседател на телото надлежно за спроведување на изборите.

За да се отпочне со мониторингот, Државната изборна комисија треба да ги потврди листите со кандидати за градоначалници и советници,процес кој треба да заврши најдоцна до денес.

Според избориниот законик, за оние правни лица кои нема да го почитуваат рокот и предвреме ќе започнат со политичката кампања, предвидена е глоба во износ од 3 000 до 5 000 евра.

Исто така,  кандидати за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, не смеат да се промовираат на медиумите до официјалното почнување на изборната кампања, велат од Советот за радиодифузија.

Согласно Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, „радиодифузерите пред почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат изборно медиумско претставување. Под изборна кампања, меѓу другото, се подразбира и „…изборно медиумско… претставување… на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“, информираат од СРД.

OhridNews