
„Државната изборна комисија има капацитет и кворум за понатамошна работа и затоа нема да има пречки во одвивањето на понатамошната работа на ДИК додека се констатира прашањето на оставката и биде избран нов претседател. ДИК ќе продолжи со работа со овластувањата што ги е има, што се однесува до примената на своите надлежности. И јас како потпретседател на ДИК, врз основа на членот 26 од Изборниот законик имам право да раководам до избирањето на нов претседател.“ – изјави Јакупи за „Алсат M“.
Според прописите, Собранието на својата прва седница треба да ја потврди оставката на Кондарко, а потоа на наредна седница да даде зелено светло за предлогот за јавен конкурс за нов претседател на ДИК.
OhridNews











